Тројца италијански војници загинаа во Авганистан

Италијански војници во Херат

Италијанското министерство за одбрана соопшти дека тројца италијански војници во мисијата на НАТО во Авганистан загинале откако нивниот џип се превртел преку мост во река во Херат.
Тие биле во мисија на помош на друга блокирана единица поради лошите временски услови. Досега 47 италијански војници загинаа во Авганистан.