Еврозоната ќе расправа за помошта за Грција

Претседателот на Европската Централна Банка Жан Клод Трише

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната денеска на состанок во Брисел треба да го разгледаат новиот финансиски пакет - помош за Грција во вредност од 130 милијарди евра.
Доколку министрите го усвојат пакетот, приватните доверители како што се банките и осигурителните друштва, ќе отпишат дел од долгот на Грција со што вкупниот долг на земјата би можел да биде намален за цели 100 милијарди евра. Долгот на Грција достигнува 360 милијарди евра.
Владата во Атина во изминатите неколку недели ги прифати новите мерки за штедење кои претставуваат услов за доделување на вториот пакет помош во вредност од 130 милијарди евра. Тоа наиде на големи протести и насилства во поголемите градови на Грција.