Јеремиќ: Уганда не го призна Косово

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ изјавил дека Уганда не ја признала независноста на Косово како што беше соопштено во Приштина во петокот, пренесува МИА.
Тој рекол дека министерот за надворешни работи на таа држава, Хенри Орием Окело му потврдил дека не го признале Косово ниту пак имале намера тоа да го сторат.
Јеремиќ навел дека тоа е уште еден обид за измама од страна на властите во Приштина, исто како што тоа го направиле со Нигерија и Централноафриканската Република.
Можно е дел од локалните власти да биде поткупени, но тие африкански држави не ги промениле позициите по однос на суверенитетот на Србија, изјавил Јеремиќ.