Медијаторот Метју Нимиц во Скопје

Метју Нимиц

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите Нации за прашањето за името Метју Нимиц допатува во дводневна посета на Скопје. Најавени се средби со претседателот Ѓорги Иванов и министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Пред неговото доаѓање државниот врв имаше координација на која уште еднаш ја потврди позицијата на Македонија дека останува посветена на процесот за надминување на спорот и дека истото го очекува и од Грција.