Претставници на ОН во посета на Техеран

Високи претставници на Обединетите Нации задолжени за нуклеарни прашања се во дводневна посета на Иран. Како што јавуваат агенциите, се очекува тие да се сретнат со тамошните власти за да разговараат околу спорната нуклеарна програма. Западот го обвинува Техеран дека програмата ја користи за производство на нуклеарна бомба. Иран ги отфрла ваквите обвинувања.