Протести во Атина против мерките за штедење

Протестите во Атина

Грчките граѓани и денеска излегоа на протести во центарот на Атина, против мерките за штедење кои ги усвои владата со цел земјата да обезбеди кредит за да избегне банкрот. Демонстрантите пред зградата на Парламентот носеа плакати, испишани со пароли со кои се критикуваат мерките за намалување на трошоците, одобрени од новите коалициски партнери, Нова демократија и ПАСОК.
Вториот спасувачки пакет за Грција треба да биде одобрен утре во Брисел на состанокот на министрите за финансии на земјите од еврозоната.