Египет го отповика амбасадорот од Сирија

Бомбардирањата во Хомс

Египетските власти го отповикаа нивниот амбасадор од Сирија, поради немирите во земјата на протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад. Одлуката е донесена за време на средбата меѓу египетскиот министер за надворешни работи и амбасадорот во Дамаск.
Министерството соопшти дека амбасадорот ќе остане во Каиро.