Бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 6 членови на провладината полиција загинаа, а 5 се повредени при експлозија на бомба во реонот Ланди Котал во Пакистан. Локалните власти соопштија дека нападот го извршила милитантната група Лашкар е Ислам.
Според нив, експлозијата се случила додека членовите на провладината полиција оделе накај еден нелегален пункт поставен од милитантите.