Кина го поддржува планот на Арапската лига за Сирија

Советот за безбедност на ОН гласа за поддршка на планот на Арапската лига

Официјална Кина објави дека го прифаќа решението за сириската криза во рамките на планот на Арапската лига, откако пред две недели стави вето на резолуцијата
на Советот за безбедност со која се поддржува Планот на арапските земји.
Во соопштението на веб-страницата на кинеското министерство за надворешни работи на Кина се наведува дека заменик-министерот Заи Јун му рекол на сирискиот претседател Басар Ал-Асад дека Кина е подготвена да соработува
со сириската влада и опозицијата, Арапската лига и арапските земји.
Во единаесетмесечната криза во Сирија до крајот на минатата година загинаа 5400 луѓе.