Собири за поддршка на кандидатурата на Путин

Преку собири низ цела Русија десетици илјади приврзаници на Владимир Путин ја поддржа неговата кандидатура за претседателската функција.
Најмалку 50.000 луѓе присуствуваа на протестите во Европската Русија, Сибир и Далечниот Исток во знак на поддршка на кандидатурата на Путин за трет мандат. Руските новински агенции пишуваат дека најмалку 10.000 луѓе присуствувале на митингот во Санкт Петербург. Собири на кои присуствуваат илијадници луѓе исто така се одржаа во градовите Волгоград, Нижни Новгород, и Новосибирск.
Масовен про-Путин митинг е закажан за 23 февруари во Москва.
Опозицијата ги обвини властите за искористување на државните ресурси за да ги охрабрат луѓето да се појават на собирите.