Финска го поддржува членството на Турција во EУ

Хелсинки го поддржува членството на Турција во Европската унија, изјави шефот на финската дипломатија Ерки Туомиоја во Вашингтон, на семинарот посветен на асимилацијата на муслиманските заедници во Европа. Тој наведе дека прашањето дали Анкара ги исполнува сите критериуми за членство во Унијата треба да биде решено врз објективна основа.
"Членството на Турцијa во ЕУ треба да се разгледува како стратешко прашање и јас не гледам никакви негативни последици од тоа", посочи Туомиoја.