Референдум за рускиот јазик во Латвија

Oфицијалните претставници на Латвија ги повикаа Латвијците да гласаат против на референдумот за тоа дали рускиот да биде втор официјален јазик на земјата. Премиерот Валдис Домбровскис изјави дека гласот против оваа иницијатива е глас за зајакнување на темелите на земјата. Како што јавуваат агенциите речиси е сигурно дека со референдумот ќе се отфрли давањето официјален статус на Русите. Сличен предлог да се направи официјален рускиот јазик беше изгласан од страна на парламентот во Латвија минатата година. Се верува дека денешното гласање ќе ги продлабочи веќе острите поделби во земјата околу прашањето за јазикот.
Етничките Руси, кои се преселија во Латвија за време на советската ера сочинуваат една третина од Латвија.