Опериран јапонскиот цар Акихито

На јапонскиот цар Акихито му била извршена успешна операција на срцето. Според лекарите во Токио, операцијата со која бил извршен бај-пас, траела околу 5 часа. 78-годишниот Акихито е на јапонскиот трон од 1989-та година, кога почина неговиот татко Хирохито.