Анонимуси нападнаа две владини интернет страници на САД

Едно од најупотребувани логоа на Анонимуси

Хакерската група Анонимуси соопшти дека нападнала неколку американски владини сајтови во знак на протест поради предложениот глобален договор против копирајтот познат како АКТА.
Хакирани биле интернет страницата на Федералната Комисија за Трговија и страницата на Националната заштита на потрошувачите.
Луѓето кои ги посетуваа овие две страници беа пренасучувани на видео на германски јазик во кое се исмејува договорот АКТА со кој САД сакаат да се борат против измамите на интелектуалните права. За активистите овој закон ке има сериозен импакт врз слободата на интернет.