Груевски: Претпристапниот дијалог со ЕУ е чекор напред

Macedonia - Prime minister Nikola Gruevski speaks to the journalists in Skopje, 05Feb2012

Почетокот на претпристапниот дијалог со ЕУ на највисоко ниво е договорен на средбата што се одржа лани во Охрид со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и комесарот за проширување Штефан Фуле, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
Според Груевски, практично земјата добива повисок третман и ова е чекор напред, иако сме закочени од страна на Грција за реално да ги започнеме официјалните преговорите како што заслужуваме.