Јахјага: Република Косово е непобитен факт

Претседателката на Косово Атифете Јахјага денеска во Приштина оцени дека Република Косово е непобитен факт за кој не може да се преговара. Таа додаде дека Косово е фактор на мир и стабилност. На манифестацијата по повод четири годишнината од прогласувањето на независноста на Косово која беше проследена со парада на припадници на безбедносните сили, Јахјага оцени дека независноста е резултат на ангажирањето на многу генерации кои се жртвувале за слободата.