Ограбен музејот на Древна Олимпија

Две маскирани лица изутрината извршиле грабеж во музејот на Древна Олимпија, јавија грчките медиуми.
Напаѓачите на чуварот на објектот му се заканиле со орижје.
Весникот „Нафмеборики“ информира дека од музејот се украдени околу 65 вредни предмети со мали димензии.
Радио „Скај“ пренесе дека министерот за култура Павлос Геруланос поднел оставка.
Музејот се наоѓа на полуостровот Пелопонес.