Демонстрации во Европа - „Сите сме грци“

Во сабота низ цела Европа ќе се оддржат демонстрации за поддшка на Грција,јави грчкиот сајт Ин њуз.
Повик за учество во настанот се шири низ социјалните мрежи. Во него се посочува дека пакетот со рестриктивни мерки, изгласан од грчкиот парламент во неделата ноќа, на 12 февруари, води кон големи намалувања на платите и пензиите во земјата и кастрења на државните службеници.
-Грчкиот народ има потреба од меѓународна солидарност треба да одговориме на неговиот повик. Сите сме Грци, се подвлекува во текстот на повикот.
На една интернет страница европските државјани можат да се вклучат во потпишувањето и да побараат грчко државјанство во знак на поддршка.
Иницијативата почна од Франција, кога граѓани побараа грчко државјанство од амбасадата на оваа земја во Париз, скандирајќи ја паролата „И јас сум Грк“.
Демонстрациите во сабота, 18 февруари, се планирани да почнат во 14 часот по локално време.