САД- Пакистан да ги санкционира организациите поврзани со Ал Каеда

Шефот на хуманитарната организација Џамаат-уд-Дава, Хафиз Саид

Американската влада изрази загриженост поради неодамнешните јавни настапи во Пакистан од шефот на хуманитарната организација Џамаат-уд-Дава, Хафиз Саид. Се верува дека неговата организација е поврзана со милитантната организација Лашкар-е-Таиба, која, пак, одржува врски со Ал Каеда. Саид беше во домашен притвор поради наводна поврзаност со бомбашките напади во Мумбаи во 2008 година, но полека почна да се појавува во јавноста, очигледно без реакција од властите. Последен пат, тој се појави на протест во Карачи на кој имаше десетици илјади луѓе, каде што тој ги повика пакистанските власти да ја прекинат соработката со Америка. Американскиот Стејт департмент го повика Пакистан да се придржува до обврските во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, со кои се санкционираат организациите поврзани со Ал Каеда.