Бан Ки Мун ја поздрави политичката транзиција во Киргистан

Киргистанскиот министер за надворешни работи Руслан Казакбаев

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун ја поздрави политичката транзиција во Киргистан. На средбата со киргистанскиот министер за надворешни работи Руслан Казакбаев во Виена, Бан Ки-Мун рекол дека „мирниот трансфер на власта“ во оваа централноазиска држава ја консолидирал киргистанската демократија и оти треба да послужи како пример за другите земји во регионот. Двајцата разговарале за процесот на помирување во Киргистан, како и за соработката во борбата против трговија со дрога и за мировните напори во Авганистан.
Откако демонстрантите го соборија поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев во април 2010, во октомври истата година се одржаа парламентарни, а во октомври 2011 и претседателски избори.