Повик за укинување на имунитетот на германскиот претседател

Претседателот на Гермнаија Кристијан Вулф

Јавниот обвинител во германскиот град Хановер го повика парламентот да го укине имунитетот од кривично гонење на претседателот Кристијан Вулф, чие име се поврзуваше со серија корупциски скандали во изминативе месеци. Претседателот е под силен притисок од декември минатата година да го објасни приватниот кредит што го добил од богатата сопруга на негов пријател додека бил премиер на сојузната држава Долна Саксонија. Понатаму следуваа обвиненија дека Вулф можеби неправилно примал и овозможувал бенефиции додека бил регионален премиер. Долниот дом на Бундестагот сега треба да одлучи дали ќе овозможи отворање кривична постапка против Вулф, чија кандидатура на претседателските избори во 2010 година беше поддржана од канцеларката Ангела Меркел.