Ал Каеда стои зад нападите на цели на сириската влада?

Директорот на американската разузнавачка служба Џејмс Клапер

Директорот на американската разузнавачка служба Џејмс Клапер соопшти дека Ал Каеда во Ирак најверојатно стои зад неодамнешните бомбашки напади против цели на сириската влада. Според него, најверојатно Ал Каеда се инфилтрирала во опозициските групи без нивно знаење. Клапер вели дека недостатокот на обединета опозиција може да остави вакуум во власта, кој екстремистите може да го пополнат ако падне сириската влада. Коментарите на Клапер уследија по неодамнешната видео порака од лидерот на Ал Каеда Ајман ал-Завахири, во која тој ги повика муслиманите да ги поддржат сириските бунтовници.