Иран не може да произведе нуклеарно оружје за брзо време?

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад на церемонија за претставување на нови нуклеарни проекти

Директорот на американската национална разузнавачка служба Џејмс Клапер изјави дека не е технички можно Иран за една до две години да произведе нуклеарно оружје. Клапер пред Комитетот за вооружени сили на Сенатот рече дека не верува оти врховниот лидер Али Каменеи сака да произведе нуклеарно оружје по секоја цена и за тоа ќе одлучи врз основа на анализа на трошоците.
Говорејќи заедно со Клапер, шефот на одбрамбената агенција за разузнавање, Роналд Бургес изјави дека Иран тешко би испровоцира конфликт, но би можел да одговори на нападот против неговата нуклеарна програма.