ЕП усвои резолуција против смртната казна во Белорусија

Дмитри Коновалов и Владислав Ковалев

Европскиот парламент усвои резолуција со која се осудува смртната казна во Белорусија и ги повика властите во земјата да ја прифатат. Европските законодавци побараа аболиција за Дмитри Коновалов и Владислав Ковалев, кои беа осудени на смртна казна за бомбашкиот напад на метрото во Минск во април минатата година, при кој загинаа три лица.
Тие ги повикаа белоруските власти и да ги ослободат сите политички затвореници, кои беа уапсени за време на претседателските избори во 2010 година.