Лавров-не треба да се игнорираат резултатите на референдумот во северно Косово

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска во Виена дека е погрешно да се игнорираат резултатите од референдумот во северно Косово, Според него, референдумот е сигнал и за Приштина и за Белград и за сите кои се обидуваат да учествуваат во меѓународниот процес за решавање на сите аспекти на ситуацијата во Косово.
Србите од северно Косово на референдумот се изјаснија дека не ги признаваат институциите во земјата.