Иран подготвен да разговара за нуклеарната програма

Нуклеарна централа во Техеран

Иранските власти им соопштија на светските сили дека се подготвени да ги продолжат разговорите за нуклеарната програма на земјата. Шефот на нуклеарните преговори Саед Џалили писмено го доставил предлогот до шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, која ги претставува САД, Франција, Британија, како и Германија, Русија и Кина во разговорите.