Ердоган се врати на работните обврски по операцијата

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и претставникот на бошњаците во тројното претседателство на БиХ, Бакир Изетбеговиќ

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган оствари средба со претставникот на бошњаците во тројното претседателство на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. Тоа е прв ангажман на Ердоган по операцијата на стомакот минатата недела.
Средбата се одржа зад затворени врати во Истамбул.
Изетбеговиќ изјавил дека два милиони Босанци се молат за целосно заздравување на Ердоган.