Русија бележи рекорди во извозот на оружје

Русија остварила рекорден приход од продажба на оружје во минатата година и покрај губењето на некои арапски клиенти и конкуренцијата од Кина. Според шефот на федералната служба за воено-техничка соработка, Михаил Дмитриев, Русија продала оружје во вредност од 13,2 милијарди долари, а најголеми зделки биле склучени со Индија, Алжир и Виетнам. Русија е втор светски извозник на оружје, а на прво место се Соединетите Држави.