Саркози ќе се кандидира за втор претседателски мандат

Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека ќе се кандидира за втор мандат. Ова го објави на националната телевизија, а денес ќе го одржи и првиот предизборен митинг во рамките на кампањата за претседателските избори.
Саркози ќе се спротистави на неговиот противкандидат од Социјалистичката партија, Франсоа Холанд. Саркози кој дојде на власт во 2007 се обврза дека ќе ја намали невработеноста, но во меѓувреме таа порасна за 9 проценти во последните 12 години.