Времето облачно со врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег, со слаб до умерен интензитет, но повеќе врнежи ќе има во крајните западни и северни делови на земјава.
Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од северен правец кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава, а на места ќе достигнува брзина повисока и од 70 километри на час.
Утринската температура се движи од минус девет до минус седум, а дневната од минус три до околу четири степени.