Претседателот на Светска банка ќе се повлече од функцијата

Роберт Зелик

Светска банка соопшти дека претседателот Роберт Зелик ќе се повлече од функцијата на 30 јуни. Зелик го информирал бордот составен од 187 нации за неговата одлука. Според соопштението на банката, Зелик за време на неговиот петгодишен мандат имал историска улога за време на светската криза и обезбедил повеќе од 247 милијарди долари за помош на земјите во развој, да остварат поголем раст и да ја намалат сиромаштијата.