Четворица руски војници загинале во Чеченија

Исламистичките бунтовници убиле четворица припадници на руското министерство за внатрешни работи во Чеченија. Руските новински агенции јавија дека престрелката се случила во реон на истокот во близина на границата со Дагестан.
Се уште нема информации дали некој загинал од милитантите.