Берлускони се соочува со затворска казна од пет години

Силвио Берлускони

Италијанското обвинителство побара пет годишна затворска казна за поранешениот премиер Силвио Берлускони, кој е обвинет за корупција. Обвинителот Фабио Де Пасквале пред судот во Милано изјави дека Берлускони е виновен дека му платил на британски адвокат 600 илјади долари да лаже во други судски случаи кои биле во негов интерес.
Берлускони се соочува и со обвиненија за секс со малолетна проститутка од Мароко.