ММФ не ја затвара канцеларијата во Белорусија

U.S. -- The logo of the International Monetary Fund (IMF) at the organization's headquarters in Washington, DC, May 16, 2011.

ММФ соопшти дека не ја затвара својата канцеларија во Белорусија, но нема да назначи нов претставник на организацијата. Според соопштението, нивниот сегашен претставник Наталија Коиладина ќе се врати во Вашингтон кога ќе заврши нејзиниот три годишен мандат во април.
Во меѓувреме канцеларијата во Минск ќе ја водат локалните службеници. ММФ и натаму ќе врши месечен и годишен мониторинг во земјата.