Папуљас-економската криза е заеднички проблем на цела Европа

Грчкиот претседател Каролос Папуљас

Грчкиот претседател Каролос Папуљас изјави дека економската криза во земјата не е нивни, туку заеднички проблем на цела Европа. Според него, Европа е должна да покаже солидарност, бидејќи Грција е составен дел на европското семејство.
Папуљас изрази уверување дека ЕУ ќе и даде финансиска помош на Грција за да може земјата да излезе од сегашната тешка ситуација.