Иран со домашно произведено нуклеарно гориво

Али Бакери

Иран објави дека ќе ја инсталира првата нуклеарна прачка произведена дома како гориво во реакторот кој е во средиштето на недоразбирањата со Западот. Заменик раководителот на иранскиот национален совет за безбедност Али Бакери соопшти дека на денешната церемонија ќе присуствува и претседателот Махмуд Ахмадинеџад.