Милошоски бара од колегите во ЕУ поддршка за датум за преговори

Антонио Милошоски

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски денеска испрати писма до своите колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, во кое бара поддршка и лобирање во Советот на ЕУ за донесување одлука за определување датум за преговори на Македонија со Унијата. Во писмото се наведува дека за надминување на спорот за името, потребно е двете страни да дадат конструктивен придонес, но оти Грција, поради последиците од должничката криза е целосно дефокусирана од разговорите, а високата цена за ваквата непосветеност ја плаќа Македонија.