Командантот на силите на САД во Европа во посета на Македонија

Генерал Марк Хертлинг

Во дводневна официјална посета на Македонија од денеска ќе престојува командантот на копнените сили на САД во Европа, генерал-потполковник Марк Хертлинг. Предвидено е тој да се сретне со својот домаќин, началникот на генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и со министерот за одбрана Фатмир Бесими.
За време на престојот генерал Хертлинг ќе ги посети воздухопловниот ВИНГ на АРМ и армискиот полигон Криволак, каде што полкот за специјални операции ќе изведе вежба. Гостинот од оружените сили на САД ќе ја посети и Воената академија „Михаило Апостолски“, каде што пред питомците ќе одржи предавање на тема „Воена професија“.