Иран ќе објави нови достигнувања на својата нуклеарна програма

Во присуство на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, Иран денеска ќе објави повеќе нови достигнувања на својата нуклеарна програма. „Експертите проценуваат дека овие достигнувања ќе му ги покажат на светот капацитетите и извонредните научни дострели на Иранците“, стои во објавата на интернет страницата на иранската влада.
Овие проекти покажуваат дека иранските научници, водени од мотото „нуклеарна енергија за сите, нуклеарно оружје никому“, ја достигнаа границата на денешната светска наука, се вели во текстот.