Ахмадинеџад утре ќе ги објави новите нуклеарни проекти

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

Вебсајтот на ирачката влада соопшти дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад утре ќе ги објави новите нуклеарни проекти. Сајтот не нуди информации какви ќе бидат проектите, но експертите веруваат дека тие достигнувања ќе му ги покажат на светот големите можности и знаење на Иранците.
Западните земји го обвинуваат Иран дека работи на производство на нуклеарно оружје, а ЕУ и САД пред некое време воведоа санкции за да извршат притисок врз земјата да прекине со нуклеарната програма.