Затворска казна за поранешниот украински министер за внатрешни работи

Поранешниот министер за внатрешни работи на Украина, Јуриј Луценко

Украинското обвинителство побара поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Луценко да биде осуден на 4 ипол години затвор и да плати казна од 28 илјади евра за злоупотреба на неговата функција. Луценко беше уапсен во декември 2010 година, а неговото судење започна во мај минатата година.
Луценко кој ја извршуваше функцијата додека Јулија Тимошенко беше премиер на земјата ги отфрли обвинувањата.