Ќе и помогне ли Кина на евро-зоната?

Beijing, 14Feb2012

Лидерите на Кина и на ЕУ денеска во Пекинг одржуваат самит посветен на економски прашања, особено на должничката криза во еврозоната.
Домаќин на самитот е кинескиот премиер Вен Џиабао, а присуствуваат претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
Кина која ги има најголемите светски резерви на пари се уште не решила дали ќе инвестира во фондот за спас на задолжените европски земји.