Палестинец штрајкува со глад 58 дена во израелски затвор

Илустрација.

Израелскиот воен суд вчера одбил жалба на еден палестински затвореник кој се држи во затврор во Израел, без да му се суди. Палестинецот штрајкува со глад поради тоа што го држат во притвор без судење. Затвореникот е член на милитантната група Исламски џихад. Тој се наоѓа во таканаречен „административен притвор“, според кој, израелскиот воен суд може да го држи во притвор и до 6 месеци без да му суди. Палестинецот штрајкува со глад веќе 58 дена, што претставува најголг штрајк на еден палестински затвореник во Израел. Неговиот „административен притвор“ завршува на 8 мај. Судот одлучил дотогаш да не го помилува.