Ниските температури однесоа 215 животи во Русија

Снег во Русија

Руското министерство за здравство соопшти дека 215 лица починале досега од екстремно ниските температури, кои однесоа стотици животи низ Европа. Според министерството, повеќе од 5500 Руси страдаат од хипотермија.
Најниската температура од -52 степени е измерена во изминатите 24 часа во Тока. Во Москва пак температурата падна до -28 степени.