Уапсено лицето кое се закануваше со бомбашки напад на холандскиот аеродром

Холандската полиција соопшти дека го уапсила мажот кој се закануваше дека ќе изврши бомбашки напад на аеродромот Шипхол. Полицијата го пронашла мажот заклучен во тоалетот на аеродромот и по комуникацијата со професионални преговарачи тој бил ставен под контрола.
Полицијата не потврди дали мажот навистина носел експлозив. Аеродромот по акцијата на полицијата повторно функционира нормално