Напади на израелските дипломати во Грузија и Индија

Полицијата го истражува возилото на израелската амбасада во Индија

Израелското министерство за надворешни работи соопшти дека нивните претставници во амбасадите во Грузија и Индија биле мета на напади. Според министерството, најмалку едно лице е повредено при експлозија која го зафатила израелскиот дипломатски автомобил на улиците низ главниот индиски град Њу Делхи. Во Грузија била пронајдена бомба во автомобил на израелската амбасада во Тбилиси, која била деактивирана од страна на полицијата.
Нападите на странските мисии на Израел најверојатно се поврзани со годишнината од убиството на еден од лидерите на либанската шиитска исламистичка група Хезболах, Имад Мугние.