ЕУ го поздрави усвојувањето на мерките за штедење во Грција

Еврокомесарот за економија, Оли Рен

ЕУ го поздрави усвојувањето на мерките за штедење на грчкиот парламент. Еврокомесарот за економија Оли Рен го опиша гласањето како значаен чекор напред за добивање на 130 милијарди евра помош од Унијата и ММФ кои треба да и помогнат на Грција да избегне банкрот.
Но според Рен, Атина се уште треба да преземе конкретни мерки за кратење на 325 милиони евра од буџетот, а потребни се и потпишани потврди од грчките политичари дека ќе ги спроведат мерките по изборите во април.
Потпаролот на германската влада, Стефен Зеиберт изјави дека одлуката на грчките политичари ја покажала нивната желба да ја изведат земјата на правиот пат.