Германскиот министер за економија резервиран за перспективите на Грција

Немирите на протестите во Грција

Германскиот министер за економија Филип Рослер за германската телевизија А Ер Де по усвојувањето на мерките за штедење во грчкиот парламент изјави дека сега ќе се оценува примената на реформите во земјата од тројката кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.
Според него, само на таа основа ќе биде дадено зелено светло за отпуштање на вториот спасувачки пакет за Грција. Рослер е резервиран во однос на перспективите на земјата, бидејќи подолго време во Грција има даночни закони, кои не се соодветно применети.