Путин ветува поголем наталитет во Русија

Рускиот премиер Владимир Путин ветува запирање на процесот на намалување на руската популација. Во рамките на кампањата за претседателските избори, во написот во весникот Комсомолскаја Правда, Путин наведува дека семејствата со три и повеќе деца треба да примаат помош од државата во износ од 7 илјади рубљи месечно, што е околу 230 долари. Путин им советува на русите и подобро да се грижат за своето здравје. Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 4-ти март, а Путин е најголем фаворит.