Во Бишкек протестираат отпуштените крупиеа

Бишкек, 13.02.2012

Пред зградата на киргистанскиот парламент во Бишкек протестираат околу 200 поранешни вработени во казина во земјата, кои бараат компензации и работа. Демонстрантите наведуваат дека околу 15 илјади луѓе останале без работа откако од почетокот на годинава стапи во сила законот за забрана на коцкарниците во Киргистан.